Чиле и Боливија први четвртфиналисти на Копа Америка

Од:

Репрезентациите на домаќинот Чиле и на Боливија, се првите четвртфиналисти на Копа Америка.

Во третото коло од А-групата, кое се играше ноќеска, Чиле убедливо со 5:0 славеше против Боливија и со тоа го обебзеди првото место, додека Еквадор со 2:1 славеше против Мексико.

Чиле покажа дека има амбиции за висок пласман на континенталното натпреварување, откако во мечот кој решаваше за тоа кој ќе заврши како првопласиран, високо ја порази Боливија.

Арангуиз ја отвори серијата голови уште во 3. минута, а потоа прецизни беа Санчез во 37. минута, Арангуиз во 66. минута, Медел во 79. минута и Ралдес кој си даде автогол во 86. минута. Боливија и покрај поразот заврши на второто место и оди во нокаут фазата.

Еквадор со головите на Болањос во 26. минута и на Валенсија во 57. минута славеше против Мексико, за кого почесен погодок даде Хименез од пенал во 64. минута.

На табелата во А-групата прв заврши Чиле со 7 бодови, пред Боливија со 4, Еквадор со 3 и Мексико со 2 бода.

Вечерва се играат дуелите од 3. коло во Б-групата, а се среќаваат Уругвај – Парагвај и Аргентина – Јамајка.

Би можело да ве интересира

Копа Америка ќе се игра во САД

ВИДЕО: Меси замолкна соиграч кога почна да пее песна навредлива за Бразил и Пеле

Жарко Настоски

Меси играл повреден во финалето на Копа Америка

Ана Ололовска

Аргентина ја освои Копа Америка

Ана Ололовска

Нејмар и Меси прогласени за најдобри играчи на Купот на Америка

Ана Ололовска

Колумбија го победи Перу во меч за третото место во Купот на Америка

Ана Ололовска