Во фудбалскиот Куп на Шпанија следниве три дена ќе бидат одиграни натпреварите од четвртфиналната фаза.
Првиот натпревар е закажан за вечер со почеток од 21 часот кога на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, Реал ќе биде домаќин на Валенсија.
Утре се играат два натпревара: Сарагоса – Севиља и Барселона – Малага, а в четврток Атлетико ќе го пречека Бетис.
Реванш дуелите се играат по седум дена, а во полуфиналето ќе се сретнат победниците од дуелите, Реал Мадрид – Валенсија и Барселона – Малага, односно Атлетико Мадрид – Бетис и Сарагоса – Севиља.