Четврта победа за Металург во Лигата на шампионите

Од:

Четврта победа за Металург, во исто толку натпревари, во групата Ц во Лигата на шампиони.

Македонскиот првак, во четвртото коло убедливо го победи рускиот претставник Санкт Петербург со 32:19 (15-11).

Најефикасен во редовите на Металург беше  Ренато Вугринец со 11 погодоци. Наумче Мојсоски постигна пет гола, сите во првото полувреме. Манасков и Миркуловски постигнаа 4 погодоци.

Дарко Станиќ и овој пат одличен на голот со 16 одбрани.

Металург е со стопостотен учинок во групата, четири победи во четири натпревари.

Во ноември, во Скопје доаѓа полскиот Киелце, кој е главен опонент на Металург во првата, групна фаза од ЛШ.

 

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ