Со „Баскиското дерби“ меѓу дoмаќинот Атлетико Билбао и Сосиедад, вечерва од 21 часот и 30 минути, ќе започне четиридневната програма на натпреварите од 25.коло во фудбалскиот шампионат на Шпанија.
По четири натпревари ќе бидат одиграни утре и во недела.
Двојки за утре: Мајорка – Хетафе, Сарагоса – Валенсија, Депортиво Ла Коруња – Реал Мадрид и Барселона – Севиља.
Во недела играат: Рајо Ваљекано – Ваљадолид, Селта Виго – Гранада, Атлетико Мадрид – Еспањол и Бетис – Малага.
25-то коло во Примера Дивизија ќе биде комплетирано в понеделник со натпреварот Леванте – Осасуна.
Табела: Барселона 65 бодови, Атлетико Мадрид 53, Реал Мадрид 49, Малага 42, Валенсија 40, Сосиедад 37, Рајо Ваљекано 37, Бетис 36,…