Четири голови за Роналдо во победата на Реал

Од:

Екипата на Реал Мадрид оствари победа од 5:1 над Елче во првиот натпревар од 5.коло на Примера одигран синоќа, а стрелец на четири голови беше Кристијано Роналдо од кои два со удар од 11 метри.

Серијата голови ја почнаа гостите откако Еду Албакар во 15.минута реализираше пенал за водство на Елче. На 1:1 во 20.минута изедначи Герет Бејл, а потоа следуваа головите на Роналдо во 28.(пенал), 32., 80.(пенал) и 90+2. минута.

За „кралскиот клуб“ ова беше третата победа во првенството, а на последните два натпревара во Примера постигнаа 13 голови.

На вториот натпревар одигран синоќа Селта – Депортиво Ла Коруња 2:1.

Вечерва се играат натпреварите: Алмерија – Атлетико Мадрид, Еибар – Виљареал, Рајо Ваљекано – Атлетик Билбао, Гранада – Леванте, Малага – Барселона и Севиља – Реал Сосиедад.

Утре на програмата се последните две средби од овој круг: Еспањол – Хетафе и Валенсија – Кородоба.

Табела: Барселона 12 бода, Валенсија 10, Севиља 10, Реал Мадрид 9, Селта 9,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска