Тренерот на Челзи, Маурицио Сари зборуваше за повредата на полудефанзивецот Н’Голо Канте, која тој ја доби во натпреварот на 37-то коло на Премиер лигата против Ватфорд (3:0). 28-годишниот Французин има повреда на бутот.
– Канте има потреба од одмор, ќе пропушти неколку недели. Се надеваме дека тој ќе биде подготвен за финалето на Лига Европа, ако се пласираме таму, изјави Сари.
Утре ќе се одигра реваш-натпреварот од Лига Европа меѓу Челзи и Ајнтрахт Франкфурт. Дуелот се игра на „Стамфорд Бриџ“ од 21:00 часот. Првиот натпревар во Германија заврши 1:1.