Чави: Роналдо не ја заслужи Златната топка

Од:

Шпанскиот фудбалер Чави Ернандез денеска изјави дека Кристијано Роналдо не ја заслужи Златната топка, бидејќи тој смета дека неговиот поранешен соиграч од Барселона Лионел е најдобар без конкуренција.

– Златната топка ги вреднува освоените трофеи. Во претходните години тоа не беше, туку најдобриот ја освојуваше наградата. Меси е далеку пред сите и покрај фактот дека друг фудбалер го поенесе признанието, истакна Чави на гостувањето во ТВ3.

Неговите изјави доаѓаат, откако „Франс фудбал“ го прогласи напаѓачот на Реал Мадрид, Роналдо за најдобар во 2016, година кога тој ги освои Лигата на шампионите и Европското првенство.

Роналдо досега има освоено четири Златни топки, една помалку од најуспешниот, Лионел Меси со пет такви признанија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска