Чави на прес го „понижи“ Бруно Фернандеш: „Тоа момчето од Португалија“

Од:

Тренерот на Барселона, Чави Eрнандез, ги разгневи фановите на Манчестер Јунајтед откако покажа непочитување за Бруно Фернандеш на прес-конференцијата пред мечот. Тој го заборави името на португалскиот репрезентативец и беше многу очигледно дека не може да се сети, па го нарече „момчето од Португалија“.

„Тен Хаг го вади најдоброто од секој играч. Погледнете ги Рашфорд, Санчо или… тоа момчето од Португалија. Погледнете како игра Фред, јасно е дека сите поединци, а и тимот играат многу подобро под водство на овој тренер“, изјави Чави.

Пофалбите за игрите на Манчестер Јунајтед останаа во втор план, а секако замерките за Чави се дека не го знаеше името на Бруно Фернандеш, еден од најдобрите играчи на тимот од „Олд Трафорд“.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Барселона го поддржа Чави и покрај елиминацијата од Лигата на шампионите

ВИДЕО: Димитриевски го одбрани Рајо од Барселона и направи чудо што не се повторило 50 години

Барселона е блиску до потписот на Кунде

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барселона сака да го купи Столе Димитриевски

Катерина Ѓуровски

ЛШ: Натпреварот Баерн – Барселона без публика

А1он