Чави: Касиљас не е за на клупа

Од:

Криво ми е што Икер заврши на клупата за резерви и мислам дека тоа не фер. Доколку одлучи да го смени клубот тој е добредојден во Барселона, но не верувам во такво нешто. Сепак него Мадрид му е во срцето и се уште е значаен дел од Реал, изјави Чави Ернандес по шпекулациите во шпанските медиуми дека Икер Касиљас ќе потпише за Барселона.

Чави потврди дека неговиот соиграч, сегашниот голман Виктор Валдез по завршувањето на сезоната ќе ја напушти Барселона.

– Валдез многу значи за екипата и е прав предводник на нашата одбрана. Меѓутоа честите критики од новинарите беа пресудни тој да донесе одлука за трансфер во друг клуб. И покрај навестувањата дека можеби ќе се премисли, знаејќи го Валдез, мислам дека од тоа нема ништо и дека ќе останеме без него, истакна Чави.

По најавата на Валдез дека ќе си оди од Барселона и по се почестото изоставување на Касиљас од првиот тим на Реал, во Шпанија веќе на големо се најавува сензационален трансфер на Касиљас од главниот град во лутиот ривал од Каталонија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска