Турскиот судија Чунејт Чакир крена многу прашина откако му покажа црвен картон на Нани во дуелот од осминафиналето меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
До исклучувањето на португалскиот репрезентативец, Манчестер Јунајтед водеше со 1:0, а потоа откако останаа со 10. играчи на теренот, „кралевите“ го свртеа мечот во своја корист. По натпреварот многу фудбалери и фудбалски стручњаци оваа одлука на судијата ја сметаа како претерана.
Сепак арбитарот вели дека оваа негова одлука била сосема праведна.
„Донесов добра одлука. Исправно постапив кога му покажав црвен картон на Нани“ – вели Чакир.
Турскиот судија и пред овој настан, беше во центарот на вниманието. Му има доделено црвен картон на Стивен Џерард во квалификациите за Светското првенство меѓу Англија и Украина, на Џон Тери во ланското полуфинале во Лигата на шампионите, како и на Марио Балотели на дуелот меѓу Манчестер Сити и Динамо Киев.
Британските медиуми веќе со денови пишуваат дека Чакир ги мрази англиските клубови.
„Ниту една одлука не беше погрешна. Дали Тери и Балотели не ги заслужија црвените картони? Тажен сум поради критиките, но одлуките беа исправни. Се обидувам да ја работам мојата работа најдобро што можам. Мислам дека сум на добар пат“ – изјави турскиот судија.