Кошаркарите на Цедевита синоќа остварија победа над Црвена ѕвезда со 72:62 и го намалија резултатот во финалната серија во АБА лигата на 1-2.
Ова беше прва победа на хрватскиот претставник во петтиот сезонски дуел со „црвено-белите“.
Станко Бараќ со 15 и Марко Томас со 14 поени беа најефикасни кај Цедевита, додека Бобан Марјановиќ со 16 поени беше најефикасен во гостинскиот состав.
Четвртиот меч во серијата прв до три победи повторно се игра во Загреб, вечер со почеток од 20 часот и 30 минути.