Во регионалната кошаркарска АБА лига синоќа беа одиграни првите два натпревари од 16. коло на кои победи забележаа екипите на Цедевита и Крка.
Хрватската пресметка меѓу Цибона и Цедевита и припадна на евролигашот со 69:81 (по четвртини 12:27, 17:21, 18:14, 22:19).
Миро Билан имаше уште една одлична партија со 25 поени (само две промашувања од игра 13 од 15), седум скокови и по една освоена топка и асистенција, за на крајот на мечот да има индекс на учинок од 35.
Словенечкото дерби меѓу Крка и Тајфун беше многу по неизвесно и драматично, а триумфот им припадна на домашните кошаркари кои забележаа победа дури по две продолженија. По основните 40 минути резултатот беше нерешен 74:74, а и првото продолжение заврши без победник (11:11).
Во вторите „екста“ 5-минути, повеќе среќа имаа кошаркарите на Крка кои на крајот стигнаа до конечна победа од 103:96.
Денеска на програмата се три натпревари. Од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“ македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром го пречекува белградски Партизан.
Од 19 часот стартува дуелот меѓу Сутјеска и Унион Олимпија, а во терминот од 21 часот закажан е почетокот на мечот Игокеа – Металац.
16.коло ќе биде комплетирано утре со средбите Црвена Звезда – Задар и Мега – Будуќност.
Табела: Цедевита 13-3 (победи-порази), Будуќност 13-2, Црвена Звезда 11-4, Мега 10-5, Крка 8-8, Тајфун 7-9, Задар 7-8, Цибона 6-10, МЗТ Скопје 6-9, Олимпија 6-9, Партизан 6-9, Игокеа 5-10, Металац 5-10 и Сутјеска 4-11.