Бугарскиот тенисер Димитров позитивен на корона тестот, финалето во Задар откажано

Од:

Првиот рекет на Бугарија, Григор Димитров е позитивен на коронавирус.

Веста ја соопшти тенисерот на својот Инстаграм профил.

„Сакам да ги известам моите пријатели и фанови дека корона тестот направен во Монако беше позитивен“, рече тенисерот.

„Сакам да ве уверам дека секој што бил во контакт со мене во изминатите денови треба да преземе неопходни мерки. Сега сум дома и заздравувам. Ви благодарам за поддршката и ве молам останете безбедни и здрави“, додаде тој.

Поради позитивниот тест на бугарскиот тенисер и опасноста од ширење на зараза, организаторите го откажаа финалето на „Адриа тур“ во Задар.

Новак Ѓоковиќ и Андреј Рубљов нема да играат за титулата, пренесоа српските медиуми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Инцидент во Шангај – Димитров нападна навивач

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска