Голманот на двократниот првак во Лигата на Шампиони, Јувентус, Џанлуиџи Буфон пред натпреварот со Селтик во осминафиналето верува во искуството на своите фудбалери дека нема да потклекнат на пеколната атмосфера што ќе ја направат навивачите на „келтите“.
Публиката е 12-ти играч на Селтик, ако нив успееме да ги запреме и екипата игра многу потешко. Пред десет години одигравме натпревар со Селтик во ЛШ, тогаш јас бев резерва. Во одличен меч Јувентус претрпе пораз 4-3, но се што ми остана во сеќавање беше фантастичната атмосфера на трибините, изјавил Буфон.