Будуќност се избори за „мајсторка“ со Црвена звезда

Од:

Кошаркарите на Будуќност ја искористија предноста на домашниот терен и ја совладаа белградска Црвена звезда, со што го израмнија резултатот на 1-1 во победи во полуфиналето на регионалната АБА лига.

На средбата број два меѓу овие два тима, одиграна синоќа во Подгорица, екипата на Будиќност го совлада актуелниот АБА шампион Црвена звезда со 63:57 со што црногорскиот првак се избори за мајсторка која ќе решава кој тим ќе игра во финалето.

Борис Савовиќ со дабл-дабл ефект од 15 поени и 11 скока, заедно со Немања Гордиќ кој придодаде 12 поени, беа најзаслужните за победата на Будуќност.

Во гостинскиот состав, а воедно и на натпреварот најефикасен беше Марко Гудуриќ со 17 постигнати поени.

Според календарот решавачкиот меч меѓу овие два тима треба да се игра на 4 април во Белград, додека два дена порано (2 април) во Загреб, својата „мајсторка“ ќе ја одиграат Цедевита и Партизан по што ќе биде познат и првиот финалист во АБА лигата.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Стартува новата сезона во АБА лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје рано ги заврши настапите во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје со пораз го заврши АБА 2 турнирот во Сараево

Ана Ололовска