Вториот полуфинален натпревар од Купот на Македонија одигран попладнево во Штип меѓу Брегалница и Пелистер заврши без победник 2:2, а двете екипи по еднаш имаа водство.
Во првото полуфинале бранителот на Купот Шкендија го победи Вардар како гостин со 3:1.
На дуелот во Штип, Брегалница поведе во 8.минута со голот на Горан Здравков, а Пелистер изедначи во 38.минута со голот од пенал на Баже Илијоски. Тимот од Битола поведе со 2:1 во 67.минута преку Раденко Бојовиќ, а конечните 2:2 ги постави Томи Костадинов во 70.минута.
Реванш натпреварите се играат на 19.април.