Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Од:

Фудбалерите на Бразил продолжија со очајната игра во квалификациите за СП 2026 година.

Во осмото коло од јужноамериканските квалификации, Бразилците беа поразени на гостувањето кај Парагвај со резултат 1:0, а решавачкиот гол го постигна Диего Гомез во 20. минута од натпреварот.

Ова беше четврти пораз за Бразил во осум натпревари и со само девет бода е на петтото место. Сепак, од местото кое не води на СП имаат само еден бод плус, а веќе навивачите на Кариока стравуваат дека нема да ја видат својата селекција на СП во САД, Канада и Мексико во 2026 година.

Сепак, до крајот на квалификациите има уште десет натпревари и ќе биде вистинско чудо доколку не ги видиме Бразилците на Мундијалот.

Синоќа загуби и репрезентацијата на Аргентина на гостувањето кај Колумбија со резултат 2:1. Тоа беше втор пораз за Аргентина во квалификациите, но се уште е на лидерската позиција.

На другите натпревари беа постигнати следниве резултати: Венецуела – Уругвај 0:0, Еквадор – Перу 1:0, Чиле – Боливија 1:2.

Би можело да ве интересира

Пијастри ја покори Кина

Бразилски пејач се удави додека снимаше спот

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Мајки со бебиња бегаат од поплавената болница во Аргентина, 10 загинати во поплави

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он