Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

Од:

Дебарската каратистка Сара Дука, донесе бронзен медал за македонската репрезентација, на Балканското првенство што се одржува во Будва.

– Сара Дука освои бронзен медал на Балканско првенство за сениори во Будва, Црна Гора. Многу горд на овој резултат. По многу труд и пожртвуваност успеавме да го донесеме првиот балкански медал во сениорска категорија, објави на Фејсбук Дурим Пачуку, тренер на карате клубот “Дибра” и тренер на македонската репрезентација.

Тој посакува и се надева на уште добри резултати на македонските каратисти.

Балканското првенство почна денес и ќе трае до недела.

Би можело да ве интересира

Петмина маскирани и вооружени мажи упаднаа во домот на шпанскиот голман додека вечераше со семејството

Роналдо без милост кон водителот: „Кажи му на тој да престане со ботокс, изгледа како јаболко“

Монако згасна! Клубот престанува со работа по 12 години успешна приказна

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето против Данил Медведев

22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни

Предраг Петровиќ

Билиќ: „И мене ми е срам, овој пораз е неодбранлив“