Браво три недели надвор од теренот

Од:

Голманот на Барселона Клаудио Браво ќе паузира три недели поради повреда на мускулот на десната нога, соопшти денеска неговиот агент Кристијан Огалде.

Браво се повреди во понеделникот на тренинг, но од каталонскиот клуб не соопштија колку чилеанскиот репрезентативец ќе отсуствува од терените.

– Бевме загрижени кога се повреди Клаудио, но потоа беше добро. Повредите на листот се случуваат без посебна причина. Разговаравме со него и тој беше смирен. За три недели ќе биде 100 отсто подготвен, изјави Огалде за чилеанското радио Кооператива.

Браво е првиот голман на Барселона само во Примера. Тој ќе ги пропушти натпреварите со Атлетико Мадрид, Леванте, Селта и Лас Палмас.

Ова значи дека германскиот голман Андре Тер Штеген кој е прва опција за Копа дел Реј и Лигата на шампионите, ќе брани и во Шпанското првенство.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска