Браќата Манаскови продолжуваат во Металург

Од:

Македонскиот ракометен шампион Металург во следните години ќе има уште еден тандем браќа во своите редови. Покрај браќата Наумче и Златко Мојсоски во следниот период дресот на Металург ќе го носат и браќата Дејан и Мартин Манаскови.

Дејан Манасков (20 години), кој е актуелен член на шампионската екипа го продолжи договорот на две сезони, кои почнуваат од јуни 2013 година, додека Мартин Манасков (18 години), член на втората екипа на Металург првиот професионален договор го потпиша за верност од четири години. Браќата Манасков се синови на прославениот македонски ракометар Пепи Манасков.

Новите договори на овие двајца играчи со клубот од Автокоманда беа потпишани на денешната прес конференција.
– Задоволен сум што ја продолжувам соработката со Металург и воедно се надевам дека ќе постигнеме нови успеси и подобри резултати од претходните сезони, истакна левото крило Дејан Манасков.

Две години помладиот брат Мартин го потпиша првиот договор. – Овој договор за мене ќе биде мотив повеќе да работам и да се наметнам кај тренерот и се надевам дека ќе ги задоволам неговите барања. Воедно се надевам дека ќе тргнам и по стапките на татко ми, рече Мартин.

Тренерот на екипата Лино Червар истакна дека ова е голем момент за Металург.
– Темелот на клубот е да произведува играчи од сопствените кадри. Металург тоа го прави веќе неколку години. Воедно Металург треба да биде горд што потпишува договор со свои деца, како што во овој случај се Дејан и Мартин. Само со вложување во нашите деца ќе имаме ракомет во Македонија. И натаму велам дека основата на Металург се домашните играчи. Во ростерот на Металург има 15 домашни и 5 странски играчи, а допрва во тимот шанса ќе добиваат играчи од помладите категории, рече Червар.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ