Бошковски: Игравме колку што Вардар ни дозволи

Од:

Ракометарите на Еурофарм Работник вчеравечер пред своите гледачи загубија од шампионот Вардар со 19:24, а тренерот Андон Бошковски смета дека овој меч беше добра подготовка за претстојното градско дерби со Пелистер.

– Задоволен сум од првото полувреме, но во овој натпревар Вардар го диктираше темпото и ние игравме, колку што тие ни дозволија. Верувам дека ја задоволивме битолската публика, но бев скратен во ротацијата, поради отсуствата на младите репрезентативци Дарио Петровски и Томислав Јагуриновски. Приоритет ни е четвртото место во плеј-офот и Челинџ купот. Откако дојдов во Битола во овие три месеци, екипата е на повисоко ниво, играчки сме послаби со заминувањето на некои ракометари, но надополнивме со Горан Крстевски. Поквалитетни сме од Борец, а Охрид и Пелистер се на повисоко ниво, но нашиот клуб ќе расте од година во година, изјави Бошковски за клупската веб страница.

Ракометарите имаат слободен викенд и во среда нов тест против Пелистер во рамките на 4. коло на плеј-офот.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ