Единствениот конкурент на Баерн Минхен оваа сезона во Бундеслигата, Борусија Дортмунд забележа успешен старт на новата кампања.
„Жолто-црните“ го совладаа Аугсбург со 5:1 на домашен терен, иако губеа во 29-тата секунда по ударот на Флоријан Нидерхелнер.
Следеа три грешки од новиот голман на гостите на Томаш Кубек, кој беше казнет од Пако Алкасер, Џејден Санчо и Марко Ројс.
Во 59-тата, Алказар уште еднаш постигна гол, а во 82-та прецизен беше дебитантот Џулијан Брант.
Резултати од Бундеслигата:
Леверкузен – Падерборн 3:2
Дортмунд – Аугсбург 5:1
Фрајбург – Мајнц 3:0
Волфсбург – Келн 2:1
Вердер – Фортуна 1:3.