Тимовите на Борусија Дортмунд и Реал Мадрид забележаа победи и во последните натпревари од групата Д, а јасно беше уште минатото коло дека овие два тима одат во наредната фаза од ова натпреварување.
Во Германија тимот на Борусија Дортмунд го совлада Манчестер Сити со минимални 1:0, со голот на Шиебер во 57. минута од средбата. Со овој пораз Сити прости од настапите во Европа за оваа сезона.
На „Сантијаго Бернабе“ домашниот тим со 4:1 беше подобар од Ајакс. Роналдо го отвори резултатот во 13. минута од натпреварот. А во 28. минута Каљехон зголеми на 2:0, по асистенцијата од Модриќ, кој го одигра најдобриот натпревар во дресот на Реал.
На стартот од вториот дел прекрасен гол постигна Кака кој го зголеми резултатот на 3:0. По грешка на голманот на “кралевите“ Адан Боеригтер го намали резултатот на 3:1. Конечните 4:1 ги постави Каљехон неколку минути пред крајот на средбата.