Екипата на Борусија Дортмунд е првиот финалист во Лигата на шампионите. Синоќа во Мадрид „милионерите“ загубија од „кралскиот клуб“ со 2:0, но со вкупни 4:3 изборија пласман на завршниот натпревар.
Реал Мадрид головите ги постигна во самата завршница, а стрелци беа Карим Бензема во 83.минута и Серхио Рамос во 88.минута.
Сепак ова не беше доволно за Реал Мадрид да се пласира во финалето.
Вечерва се игра второто полуфинале, на „Камп Ноу“ Барселона го пречекува Баерн, а германската екипа има предност од 4:0 од приот натпревар.
Финалето е закажано за 25 мај на „Вембли“ во Лондон.