Фудбалскиот клуб Борусија од Дортмунд соопшти денеска дека добиле преку половина милион барања за билети за финалето од Лигата на шампиони против минхенски Баерн.
Борусија оваа фудбалска сезона има просечна посетеност на стадионите од околу 80.000 гледачи.
Во Клубот досега за финалото на ЛШ на лондонски Вембли стигнале 502.567 барања за влезници.
Рокот за поднесување барања измина вчера, а клубот во следните денови ќе одлучи кој ќе може да купи 24.042 билета колку што доби Борусија од УЕФА.
Капацитетот на Вембли е 86.000 места. Најевтините влезници за финалето се 60 фунти додека најскапите се 330 фунти.