Болт: Ќе му ја испратам на Мурињо снимката од тренингот со Борусија

Од:

Најбрзиот човек на планетата, Усеин Болт сериозно го сфаќа предизвикот наречен фудбал.

Легендарниот спринтер од Јамајка, кој вчера тренираше со Борусија Дортмунд, сепак сака еден ден да си ја проба среќата во Манчестер Јунајтед.

Болт (31) за Би-Би-Си изјави дека дури разговарал со Жозе Мурињо за неговиот евентуален трансфер во својот омилен клуб.

– Разговарав со Мурињо, но не му вршев притисок. Тој ми кажа дека добро се справувам на мал простор, но би сакал да ме види на поголемо поле. Ќе се обидам да му ги испратам кадрите од тренингот со Борусија преку мејл, рече Болт во полушеговит тон.

Болт додава дека е многу сериозен во однос на тоа еден ден да заигра професионален фудбал.

– Многу сум сериозен и ќе работам напорно за да дадам се од себе. Не ми требаат негативните коментари на луѓето за да се мотивирам. Јас сум навикнат да го давам најдоброто од себе. Нема да има никаква разлика со атлетиката. Ќе работам напорно, ќе се обидам да бидам дел од тим и да ја играм мојата улога, ако влезам во тимот, додаде Болт.

Би можело да ве интересира

Компјутер го спореди Болт со најбрзото куче на светот: Кој победи?

Почина легендарниот германски фудбалер Андреас Бреме

Германците ја „изиграа“ ФИФА и ги носеа боите на виножитото на Светското првенство

Леверкузен ја „здроби“ Борусија сред Дортмунд

Ана Ололовска

Авто-гол го реши дербито Баерн-Лајпциг

Ана Ололовска

Ајнтрахт триумфално мина низ Штутгарт, значајни победи за Келн и Аугсбург

Ана Ололовска