Македонската пливачка Анастасија Богдановски утрово во квалификациите на 200 метри слободно на Светското првенство во Казањ исплива нов македонски рекорд и ја потврди Б нормата за Олимписките игри во Рио.
Таа постигна време од 2:01.28 минути и го собори досегашниот нејзин македонски рекорд 2:01.92 минути поставен пред една година во Сент Мери Сити.
Богдановски го освои второто место во третата од седумте групи во квалификациите во дисциплината 200 метри слободно.