Најдобрата македонска пливачка Анастасија Богдановски постави уште еден македонски рекорд и обезбеди уште една Б норма за Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
Таа претпалдне на Светското првенство во Казањ, во квалификациите на 100 метри слободно исплива 56.12 секунди и за 24 стотинки го подобри македонскиот и сопствен рекорд (56.36) поставен пред една година во Сент Мери.
Со овој резултат Богдановски доаѓа до втора норма за ОИ, откако претходно тоа го направи и во дисциплината 200 слободно.
Од вкупно 90 натпреварувачки Богдановски го освои 35.место.
Во недела втор настап ќе има и Марко Блажевски во квалификациите на 400 метри мешано.