По настапот на Светското првенство во Казањ македонските пливачи утре и задутре ќе учестуваат и на ФИНА Светскиот куп што ќе се одржи во Москва. Според предвидената програма, Анастасија Богдановски ќе плива во три дисциплини, а Марко Блажевски во четири.
Богдановски покрај тоа што ќе плива на 100 и 200 метри слободно, пријавена е и за настап на 50 метри слободно. Богдановски на СП исполни две Б норми за Летните Олимписки игри во Рио во дисциплините 100 и 200 метри слободно.
Марко Блажевски ќе настапи покрај во „своите“ дисциплини 200 и 400 метри мешано, уште и во трките на 200 метри слободно и 200 метри градно. Блажевски Б норма за ЛОИ исполни во дисциплината 400 метри мешано.
ФИНА светскиот куп ќе се одржува во Москва на 11 и 12 август.