Анастасија Богдановски го заврши настапот на Светското првенство во пливачки спортови што се одржува во Барселона.
Македонката претпладнево во квалификациите на 50 метри слободно, исплива време – 26.93 секунди.
Ова е послабо време од нејзиниот најдобар резултат со кој беше пријавена на шампионатот – 26.45 секунди.
Богдановски се пласира на 46.место во вкупниот пласман од 83 натпреварувачки колку што остварија пласман.