Македонскиот пливач Марко Блажевски постави нов македонски рекорд на 100 метри пеперутка на Европското првенство на кратки базени што се одржува во Нетанија, Израел.
Тој претпладнево во квалификациите исплива време 54.77 секунди и за седум стотинки го собори досегашниот македонски рекорд поставен од Александар Миладиновски на 13 декември 2001 година во Антверпен.
Македонскиот пливач во конкуренција на 49 пливачи го освои 44.место.
Блажевски е единствениот македонски преставник на шампионатот, откако поради болест настапот го откажа Анастасија Богдановски.
Утре Блажевски треба да настапи во трката на 400 метри мешано, во петок ќе плива на 200 метри мешано, а во сабота на 100 метри мешано.