Блажевски со личен рекорд и на 200 метри мешано

Од:

Марко Блажевски во квалификациите на 200 метри мешано на Светското првенство во Барселона претпладнево исплива личен рекорд од 2:07.78 минути.

Тој на шампионатот за оваа дисциплина беше пријавен со резултат – 2:09.27 минути, што значи дека за 1 секунда и 49 стотинки го подобрил своето најдобро време досега.

Во конкуренција на 50 пливачи, Блажевски заврши на 46.место. Македонскиот пливач и во двете дисциплини на кои настапи го подобри личниот рекорд.

Ова за него беше втор и последен настап на СП во Барселона.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска