Двајцата македонски пливачи учесници на Светското првенство на 25 метарски базени во Доха, Катар денеска го имаа првиот настап во квалификациите.
Марко Блажевски во трката на 200 метри слободно исплива со време 1:49.80 и го освои 48 место во конкуренција на 100 натпреварувачи. Тој оствари време за 4.46 секунди подобро од пријавеното и го освои второто место во својата група.
Горазд Чепишевски настапи на 100 грбно и имаше резултат – 56.70 секунди или 55 стотинки подобро време од пријавеното. Тој во конкуренција на 89 пливачи го освои 58 место. Чипишевски беше шести во својата група.
Утре во квалификациската трка на 400 метри мешано ќе настапи Марко Блажевски.