Единствениот македонски пливач на Европското првенство на 25-метарски базени што се одржува во Нетанја, Израел, Марко Блажевски претпладнево имаше настап во квалификациите на 200 метри мешано.
Тој го освои 26. место во конкуренција на 42 пливачи, а во својата група беше седмопласиран.
Блажевски имаше време од 1:59.27 минута што беше за 28 стотинки послабо од неговиот и македонски рекорд поставен лани на Светското првенство во Доха. Првопласираниот во квалификациите, Германецот Филип Хајнц имаше резултат 1:53.64 минута.
Блажевски настапот на шампионатот ќе го заврши утре со настап во квалификациите на 100 метри мешано.