Македонскиот пливач Марко Блажевски не успеа да стигне до норма за Олимпијадата во Рио, откако во квалификациите на 200 метри мешано исплива резултат 2:04.79 минути на Светското првенство во Казањ.
Ова време е за 40 стотинки побавно од Б нормата.
Македонецот на СП го очекува и настап на трката на 400 мешано в недела, а шанса за исполнување на норма Блажевски ќе има и на други натпревари.
Блажевски пливаше во втората група и го освои 6.место или вкупно 33.место од 47 натпреварувачи што се појавија во оваа дисциплина.
Утре на Мундијалот на патеката 100 м слободно ќе настапи Анастасија Богдановски.