Тренерот на Пари Сен Жермен, Лоран Блан жали поради испуштената шанса да се победи Манчестер Сити во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, бидејќи смета дека неговиот тим го заслужи тоа.
Блан по синоќешното реми (2:2) го истакна нереализираниот пенал на Златан Ибрахимовиќ, но и грешките во одбраната.
– Две наши грешки Сити ги казни со два гола кои се многу значајни на гостински терен. Најмногу жалам поради тоа. Мислам дека тие постигна два гола од исто толку шанси, а ние можевме да постигнеме барем двојно повеќе. Резултатот не е добар за нас, но не се предаваме и одиме на победа во Англија, рече Блан.
– Убеден сум дека можеме да оствариме потребен резултат во Манчестер, но потребно е да ги избегнеме грешките.
Реваншот е на „Етихад“ во Манчестер во вторник (12 април).