Селекторот на Пари Сен Жермен, Лоран Блан, изјави дека неговиот тим заслужи поубедлив триумф над Челзи во првиот натпревар осминафиналето во Лигата на шампионите.
– Немаме голема предност, иако игравме многу добро. Лошо е кога ќе примиш гол на домашен терен и во незгодна ситуација сме. Гол повеќе не е реална слика за прикажаното на теренот. Сепак и натаму се е во наши раце. Ние ќе одиме на побед аи во Лондон, изјави Блан по натпреварот во Париз.
Францускиот стручњак нагласи дека е среќен за Кавани кој беше стрелец на победничкиот гол.
-Тоа е играч со огромен талент. Имаше тежок период, но сега полека ја враќа самодовербата. Јас секогаш ги бодрам моите играчи, особено него, додаде Блан.
ПСЖ синоќа го совлада Челзи со 2:1.