Билд: Гвардиола во Сити за 25 милиони евра годишно

Од:

Шпанскиот фудбалски тренер Пеп Гвардиола се согласи да се пресели во Манчестер Сити на крајот на сезоната каде ќе заработува неверојатни 25 милиони евра годишно, тврди „Билд“.

Како што се наведува во угледниот германски весник се уште актуелниот тренер на Баерн ќе стане најскапо платен шеф на стручниот штаб на една фудбалска екипа.

Клучна личност во овој трансфер е спортскиот директор на премиерлигашот од Манчестер, Чики Бегиристајн, близок пријател на Гвардиола уште од времето кога двајцата соработуваа во Барселона.

Шпанецот минатиот викенд потврди дека на лето ќе го напушти Баерн кога неговиот тригодишен договор со баварскиот клуб ќе истече.

Местото на Гвардиола од следната сезона ќе го заземе Карло Анчелоти.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска