Центарот на Цедевита, Миро Билан го освои признанието најкорисен играч (МВП) за 20. коло на регионалната кошаркарска АБА лига.
Тој во победата над Левски оствари 32 индексни поени.
Во ТОП 5 на колото покрај центарот на загрепчани се најдоа и:
Дејан Мусли (Мега Лекс) 30 поени,
Марко Куриџа Јагодиќ (Цибона) 27,
Данило Николиќ (Мега Лекс) 26 и
Кристофер Букер (Крка) 25.