Без победник заврши дербито на Барселона

Од:

Првиот дуел од Примера во 2016 година одигран меѓу Еспањол и градскиот ривал Барселона заврши нерешено 0:0.

Домаќинот успеа да одолее на нападите на шампионот кој најголемите шанси за погодок ги имаше преку Лионел Меси и Луис Суарез кој ја погоди рамката на голот.

Барселона останува на врвот на табелата, но веќе вечер може да биде симната од Атлетико Мадрид.

Каталонците имаат и еден заостанат натпревар, оној против Спортинг Хихон, поради нивното учество на Светското клупско првенство.

На другите два денешни дуели играат: Атлетико Мадрид – Леванте и
Малага – Селта.

Двојките за шесте утрешни дуели се: Рајо Ваљекано – Сосиедад, Бетис – Еибар, Гранада – Севиља, Ла Коруња – Виљареал, Атлетик Билбао – Лас Палмас и Валенсија – Реал Мадрид.

Колотo в понеделник вечер ќе го заокружат Спортинг Хихон и Хетафе.

Табела: Барселона 39 бодови, Атлетико Мадрид 38, Реал Мадрид 36, Виљареал 33, Селта 31.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска