Првите два натпревара од нок-аут фазата од фудбалската Лига на шампионите завршија без победник.
Во осминафиналето во Париз Челзи остана непоразен во дуелот со ПСЖ- 1:1, пред се благодарение на одличниот голман на гостите од Лондон Тибо Куртоа, кој во неколку наврати спаси сигурен гол.
Челзи поведе со голот на Бранислав Ивановиќ во 36.минута, а изедначи Единсон Кавани во 54.минута.
На вториот осминафинален дуел одигран синоќа на „Арена Л‘вов“ Шахтјор и Баерн одиграа без голови 0:0.
Баерн натпреварот го заврши со 10 играчи откако Чаби Алонсо беше исклучен во 65.минута, а го играше својот јубилеен 100-ти натпревар во Лигата на шампионите.
Вечерва се играат натпреварите Базел – Порто и Шалке – Реал Мадрид.
Почетокот е во 20:45 часот.
Следниот вторник и среда се играат другите осминафинални натпревари: Манчестер Сити – Барселона, Јувентус – Борусија Дортмунд (24 февруари), Арсенал – Монако и Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид (25 февруари).