Бетис останува во трка за Лигата на шампионите

Од:

Со победата од 5:1 синоќа на гостувањето кај Гранада, фудбалерите на Бетис ги задржаа шансите да го освојат четвртото место кое обезбедува учество во квалификациите за Лигата на шампионите.

Со овој натпревар беше отворено 30. коло во Примера Дивизија кое продолжува денеска со четири средби: Сосиедад – Малага, Реал Мадрид – Леванте, Депортиво – Сарагоса и Барселона – Мајорка.

Утре играат: Селта – Рајо Ваљекано, Осасуна – Еспањол, Хетафе – Атлетико Мадрид и Валенсија – Ваљадолид.

Колото ќе биде комплетирано в понеделник со натпреварот меѓу Севиља и Атлетик Билбао.

Табела: Барселона 75 бодови, Реал Мадрид 62, Атлетико Мадрид 61, Реал Сосиедад 48, Малага 47, Бетис 47 (натпревар повеќе), Валенсија 46,…

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска