Втора година по ред пливачкиот клуб Бета го организира интернационалниот пливачки натпревар „Бета Спринт“. Пливачите на Бета успеаја да соберат вкупно 151 медал од кои 57 златни, 53 сребрени и 41 бронзени.
Организаторот на турнирот беше прогласен за најдобар клуб додека членовите на Бета, Ана Јаневска и Љупчо Ангеловски беа прогласени за најдобри пливачи на овој натпревар.
Ана Јаневска изминатиот викенд постави нов рекорд во дисциплината 50 метри делфин со време 29,05 секунди.