Бразилецот Адријано Леите Рибеиро беше еден од најголемите фудбалски таленти кога настапуваше за милански Интер, но неговите брилијантни настапи на теренот останаа во сенка на животната драма која што ја проживеа.
Адријано се уште важи за еден од најталентираните фудбалери во историјата на фудбалот. За него се веруваше дека само небото ќе му биде граница. Меѓутоа, неговиот начинот на живот му ја уништи кариерата.
Поранешниот фудбалер сега повторно живее во фавела. На својот Инстаграм профил објави фотографија на која што се бања во корито и ужива правејќи скара на цигли. Иако сиромаштијата е секаде околу него, сепак не изостанува насмевката на неговот лице.
Адријано своевремено беше страв и трепет за сите голмани. Популарниот „Император“ играјќи за Интер и Парма ги тресеше мрежите и беше несовладлива енигма за одбраните на противничките тимови, се до смртта на неговиот татко.
Неговото детство беше сурово. Растеше во озогласените фавели во Рио. Таткото на Адријано Алмир, сакаше да го изведе на вистинскиот пат, неговиот син да стане славен фудбалер. Еднаш тие двајца, враќајќи се дома од тренинг, наишла на жестока пресметка помеѓу полиција и нарко диерите. Алмир во пукотницата бил погоден во главата. За среќа преживеал, но куршумот му останал како „сувенир“ во черепот.
– Смртта на мојот татко ме уништи. Константно бев пијан. Се изолирав, се видов себеси во Италија сам, тажен, депресивен и почав да пијам. Доаѓав пијан и на тренинг и ме носеа да спијам, а потоа се правеа дека сум повреден, раскажува Адријано и додава:
– Знам дека многу патев кога почина татко ми, а бев среќен само кога бев пијан и пиев се: виски, вино, вотка, пиво. Многу пиво. Никоако не можев да престанам и морав да го напуштам Интер. Сфатив дека луѓето околу мене се проблем, ме водеа на журки со жени и алкохол. Не ни мислев на нешто друго. Се вратив во Бразил, се откажав од милионите, но успеав повторно да најдам среќа, вели Адријано.
Интер се обидуваше да го врати во живот својот голгетер. Ангажираа психолози, психијатри, но немаше резултат. Управата на клубот реши да му врачи отказ, а тој веднаш после тоа се одлучи за играчка пензија, на 27 години.
Пензијата кратко траеше, бидејќи по еден месец потпиша за Фламенго. Не играше лошо и го предводеше тимот до титулата во 2009 година, но се откажа поради ноќниот живот и пороците.
Претседателот на Фламенго го критикуваше Адријано поради пиењето, а се појавија и гласини дека Адријано позајмувал пари од Фабијан Атаназија да Силва, истакнат член на „Црвените Команди“, една од најозогласените бразилски банди.
Сепак, сите овие скандали не влијаеја врз Рома, која се одлучи да го ангажира Бразилецот. Адријано во Рома издржа само 7 месеци, играјќи само 5 натпревари, па повотрно се врати во Бразил.
Во тој период, неговиот поранешен агент Гилмар Риналди истакна дека е загрижен за неговиот живот.
– Се плашам за неговиот живот. Нему му треба помош. Не ме интересира неговата фудбалска кариера, ме интересира само тој. Знаете, Адријано ми е како син. Тој со години е во тешка депрсија и никој не сака да му помогне. Оргии, пијанчења и дружење со „жестоки“ момци не се проблеми, тоа се само последица. Депресијата е виновна за се. Дали мислам дека размислува за самоубиство? Не знам, се што знам е дека му треба помош, искрен беше Риналди.
Адријано денес живее во Вила Крузеиро, фавела од каде што потекнува, а низ бразилските медиуми се шират гласини дека е под заштита на „Црвените Команди“ или можеби и нивен член.