Берни Еклстон отпуштен од Формула 1

Од:

Како што објави „Ауто Мото унд Шпорт“, новиот претседател на Формула 1, Чејс Кери, побарал од Берни Еклстон да се повлече од Формула 1.

„Денес бев отпуштен. Тоа е официјално, веќе не ја водам компанијата, а мојата позиција е преземена од Чејс Кери“ изјавил Еклстон за германскиот весник.

Тој исто додаде дека му била понудена улога на почесен претседател за која што Британецот не открива дали ќе ја прифати или не.

Промената во врвот на Ф1 се очекува да биде потврдена во вторник од новите сопственици Либери Медија, кои се во процес на купување на Формула 1.

Американските гиганти со преземањето на лиценцата започнаа во септември, а во јануари ги завршија и последните регулациски пречки.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин