Бербатов: Повеќе ја посакувавме победата

Од:

По синоќешниот триумф кај Манчестер Сити во осминафиналето од Лигата на шампионите со 3:1, стрелецот на вториот гол за Монако, Димитар Бербатов изјави дека тој и неговите соиграчи имале повеќе желба за победа.

– Нашата огромна желба за добар резултат пресуди. Веројатно повеќе ја сакавме победата. Се боревме на секој дел од теренот. Не му дозволивме на Арсенал да се размавне. Можеби и не потценија, ама ако е така тоа е нивни проблем, изјави бугарскиот напаѓач во редовите на Монако.

Бербатов додаде дека и покрај високата победа и убавата предност од два голови разлика, сепак патникот за четвртфиналето не е решен.

– Не е уште ништо готово. Сега сме со поголеми стартни шанси, но Арсенал е одличен тим и треба максимално сериозно да влеземе во реваншот.

Возвратниот дуел е во Монако за две седмици.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска