Беноа Пер: Не можам повеќе, по 250. пат сум позитивен на коронавирус

Од:

Три недели пред почетокот на Австралија Опен, францускиот тенисер Беноа Пер резигнирано објави на социјалните мрежи дека повторно е позитивен на коронавирус.

– Поздрав, моето име е Беноа Пер и позитивен сум на коронавирус по 250-ти пат! Не можам повеќе да се носам со овие Ковид г … ци, објави 46-то рангираниот светски тенисер на својот Инстаграм профил.

– Не ми е ништо, малку ми тече носот, но поради карантинот во кој се наоѓам на другиот крај од светот, не сум баш психички најдобар. Минатата година беше лоша, а оваа тргна во иста насока, напиша Пер, додавајќи оти е вакциниран со две дози и оти ја поддржува вакцинацијата.

Пер оваа година го пропушти настапот на Ју-Ес-Опен поради Ковид – 19.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски