Шпанскиот стручњак на клупата на Челзи Рафаел Бенитез ги пофали своите фудбалери по вчерашната пресврт победа над Сандерленд.
– Играчите покажаа карактер по примениот гол. Не ги фати паника, туку напротив имаа уште поголема желба да извлечат позитивен резултат и тоа на крајот им успеа. Оваа победа има посебна тежина поради тоа што за нас натпреварот против Сандерленд беше вкупно четврти во последниве осум дена, изјави популарниот „Рафа“.
Челзи по 31. коло во Премиер лигата се наоѓа на третата позиција на табелата зад тандемот од Манчестер, Јунајтед и Сити.
Сините од Лондон ќе се обидат да ја задржат оваа позиција која обезбедува директно учество во Лигата на шампионите.
Конкуренти за 3.место на Челзи му се градските ривали Арсенал и Тотенхем. Арсенал има два бода помалку, додека Тотенхем има ист број бодови како Челзи (58), но и натпревар повеќе.