Бенфика демантираше дека преговара со Атлетико за Жоао Феликс

Од:

Португалскиот тим Бенфика издаде официјално соопштение со кое ги демантира гласините дека се договориле со Атлетико Мадрид за трансферот на Жоао Феликс.

„Како одговор на вестите од последните неколку часа, Бенфика сака да појасни дека не е точно дека постојат преговори за потенцијален трансфер на играчот Жоао Феликс. Условите на преговорите се јавни, имајќи ја предвид клаузулата за откуп од 120 милиони евра. Она што е уште посериозно и го заслужува нашето најсилно негирање е лажната вест дека преговорите вклучуваат провизија од 30 отсто.

За жал, тоа се рефлектираше во Португалија од страна на весникот „А Бола“, за чии намери и цел воопшто не сме запознаени. Повторуваме: оваа информација е потполно лажна и апсурдна, со цел да ја оцрни репутацијата и честа на Бенфика“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бруно Фернандеш ги одведе Португалците во осминафинале на СП

ВИДЕО: Португалците најдоа начин да ја победат Гана

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски