Бенфика без Кардозо против Барселона

Од:

Бенфика вечерва во второто коло на фудбалската Лига на шампиони, во Лисабон ќе ја дочека Барселона, но на таа средба ќе биде без еден од своите најдобри играчи, Оскар Кардозо.

Парагваецот се повреди на тренинг, а конкретно за каква повреда се работи и колку долго ќе отсуствува од теренот, се уште не е познато.

За очекување е во почетниот состав Родриго Лима да го замени одличниот Кардосо, кој во четири натпревари на португалското првенство постигна исто толку погодоци.

Барселона во првото коло со тешки маки и во последните минути славеше на „Камп ноу“ против Спартак од Москва (3:2), додека Бенфика во Шкотска кај Селтик одигра натпревар без голови.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска